Напаѓачот пред пукањето во Министерството за здравство бил во домот на Тодоров - со него биле уште две лица

Напаѓачот го барал Никола Тодоров во неговиот дом пред да пука во него пред Министерството за здравство, дознава Press24 од добро упатени извори. Според информациите, велешанецот Љ.С. според се уште непотврдени информации со уште две лица од рано наутро го чекал Тодоров пред министерството. Откако не дошол, напаѓачот се упатил кон домот на Тодоров. Тропнал на неговата врата, но откако видел дека тој не дома заминал назад во Министерството за здравство каде што го извршил нападот.
За среќа, никој не е повреден, а напаѓачот е приведен. Од полицијата се уште нема потврда за вмешаноста на други лица во нападот, но очевидци велат дека Љ.С. заедно со уште две лица цело утро бил пред Министерството.

 

 

 

01.06.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега