Две страшни несреќи во Скопје

 Во 3 часот и 20 минути во полиција од болница било пријавено дека во 18 часот и 45 минути, во Градската општа болница „8-Ми Септември“ донесени биле 26-годишниот С.Р.  од Скопје и М.Р.

Имено, С.Р. управувајќи мотоцикл удрил во пешакот С.Р., кој се здобил со  тешка телесна повреда. Истиот е задржан на Одделението за Неврохирургија на понатамошно лекување. 

 Истиот ден нешто порано, околу 17 часот и 45 минути, на обиколница помеѓу населбата Шуто Оризари и Магистрала, се случила сообраќајна незгода во која 25-годишниот Б.Ш. од селото Танушевци, скопско, управувајќи возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки  изгубил контрола и излетал од патот во провалија.

Во Ургентен центар бил донесен возачот кај кого, од страна на лекар, биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. 

 

 

 

 

01.06.2017 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега