Австрија бара работници од Балканот

 

Австрија нема работници за чистење и одржување објекти. Иако невработеноста во земјата расте, за овие професии нема кандидати. Според податоците, работодавачите тешко доаѓаат до работници за ова занимање, само во Виена во моментов фалат околу 4.000 работници. Мал дел од работните места ги пополнуваат лица од Балканот и Турција, но потребни се многу повеќе луѓе.

Австријците, но и останатите граѓани од ЕУ не сакаат да ја работат оваа работа заради ниските плати и несоодветното работно време.

18.08.2013 - 23:04

најчитано сега