Ставревски: Позитивните економските податоци од земјите во Еврозоната влијаат позитивно врз македонската економија

Позитивните економските податоци од земјите во Еврозоната, позитивно влијаат и на развојот на македонската економија.

Според македонскиот министер за финансии, Зоран Ставревски,  завршувањето на долготрајната рецесија во еврозоната е позитивен сигнал, но сепак, Владата и понатаму треба да остане активна за да продолжи развојот на економијата: - Македонското стопанство може да смета дека ќе има зголемена побарувачка од земјите во еврозоната, но тоа нема да се случи нагло, односно ќе има уште предизвици. Треба сите заеднички да продолжиме со напорите, со динамиката на реформи, со подобрувањето на бизнис-климата, со обезбедувањето евтини кредити. Да останеме активни и ние како Влада, а и фирмите, бидејќи нема простор за преголемо олабавување. Но, треба да се биде малку поголем оптимист со оглед на позитивните резултати во европската економија",изјавува Ставревски.

Инаку, според економистите, позитивните движења во западните економии директно ќе влијаат врз економската клима во Македонија. - Европската унија каде се оставрува 60 отсто од извоз и 50 отсто од македонскиот увоз е наш најголем трговски партнер. Ова е позитивен сигнал и за нашата економија и доколку не се случат некои непредвидени екстерни и интерни шокови ќе бидеме во состојба да оствариме планираниот раст на бруто домашниот производ, вели Митко Алексов, извршен директор на Сојузот на стопански комори, пренесува Курир.

Според економистите,Македонија има мала економија, во која 65 отсто од извозот се насочени кон земјите од ЕУ, а индиректно тоа се 90 отсто, што нè прави целосно зависни од европскиот пазар.

 

19.08.2013 - 11:14

најчитано сега