Наскоро ќе блесне новиот асфалт на патот Дебар - Џепчиште

Забрзаната динамика на работа на патниот правеџ Дебар - Струга ќе вроди со плод. При крај е поставувањето нов асфалтен слој на делницата Дебар-Џепиште, во должина од 15 километри.

Работниците на ГП „Илинден“ од Струга, веќе се во Дебар и за асфалтирање останува уште помалку од  два километри. Нов асфалт ќе биде поставен се до кружниот тек во градот, кој се спојува со лани реконструираната улица „Велко Влаховиќ“.

Претходно нов асфалт доби и дел од делницата Глобочица-Струга, а саниран беше и мостот во близина на Глобочица. Активностите се реализираат според програмата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Патниот правец, Дебар-Струга, во должина од шеесеттина километри,  посебно на делниците Глобочица-Струга и Џепиште-Дебар, во изминатиот период претставуваше опасност по безбедноста во сообраќајот, поради големиот број ударни дупки.

Со реконструкцијата на делницата Глобочица-Џепиште во должина од 24 километри, пред три години и последните зафати на овој патен правец, видно се подобри безбедноста во сообраќајот. Патот сега ги доби потребните стандарди

најчитано сега