Талат Џафери му отстапи имот на гостиварскиот градоначалник

Министерот за одбрана Талат Џафери на градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта, денеска му предаде недвижен имот на Министерството за одбрана на трајно користење на општината.

Ова примопредавањето е предвидено со планот за дивестирање на несуштинските објекти кои Министерството за одбрана ги има искористено досега, а врз основа на одлуката на Владата за нивно доделување на органите на локалната самоуправа.

- Присуствувам овде во општина Гостивар со цел да ја спроведеме и официјално одлуката на Владата за пренос на објектите и земјиштето на општина Гостивар, изјави денеска министерот Џафери по примопредавањето на недвижниот имот.

Тој истакна дека не се сомнева  оти градоначалникот на општината ќе ги стави објектите во функција и во интерес на граѓаните.

Градоначалникот Бејта заблагодарувајќи му се  на министерот Џафери, информира дека веќе подготвуваат план за натамошното управување со недвижниот имот.

По официјалната средба министерот Џафери и градоначалникот Бејта ја посетија месноста Бањица каде го разгледаа имотот кој Министерството за одбрана го предаде на трајно користење на општина Гостивар. 

19.08.2013 - 16:01

најчитано сега