ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на одлуките за назначување директори

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара итно повлекување на, како што наведоа, незаконските одлуки на Владата со кои се назначуваат директори на одредени институции и почитување на законите.

- Спасе Глигоров е предлогот на Владата на СДСМ, а тој е воедно и член на Извршниот одбор на СДСМ. Членот 16 став 1 од Законот за државни службеници е јасен, цитирам: директор на агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија, изјави денеска Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ. 

Со неговото предложување Владата на СДС го крши законот и наместо професионализација, како што кажа, сака да спроведе груба партизација на администрацијата.

- Дополнително не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор согласно Законот за државни службеници. СДСМ спротивно на закон предложува за директор на Агенцијата за службеници партиски војник за да им ја врши грубата партизација на администрацијата, обвини таа.

Законите и процедурите, според Александрова, не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, Управниот инспекторат, кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДСМ ги крши на големо.

- Ниту еден од споменатите, и за оние кој согласно закон е предвидено задолжително познавање на јазик, нема приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас, посочи Александрова која додаде дека СДСМ ветувале транспарентност, а добивме самоволие, шверцерско непочитување на законите, партиски војници. 

 

 

 

29.06.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега