ВМРО-ДПМНЕ: Владата наместо да решава проблеми, ги префрла на други

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Владата нема способност да ги решава проблемите, а според нив, последен пример за тоа се случаите со „Еврокомпозит“ и МЖ Транспорт.

Во соопштението се наведува дека Владата се пофалила оти го решила проблемот, но наместо тоа, како што се посочува, само ги префрлила проблемите на друг.

- Имено тие препорачаа на претпријатијата МЕПСО и ЕЛЕМ да направат состаноци со раководствата на компаниите загубари и да изнајдат решение за долговите. Ова се вика префрлање на одговорност, и никако не може да се нарече решавање на проблем, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата наместо да се зафати со работа, препорачува други претпријатија да одлучуваат за загубарите. 

- Ваквата неодговорност и неспособост не ги решава проблемите само ќе ги продлабочи. Со ова однесување останува неизвесна судбината на Еврокомпозит и МЖ Транспорт, вели ВМРО-ДПМНЕ. 

 

 

 

30.06.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега