Вербална расправија прераснала во вооружена престрелка во Куманово

Синоќе околу 23 часот и 30 минути во Куманово на улица„Тоде Мендол“, 23- годишниот А.К од село Арачиново-скопско, заедно со уште двајца негови другари дошол со патничко моторно возило на наведената улица и започнал вербална расправија со М.Б, кој бил со негов пријател.

Во еден момент А.К. извадил пиштол и испукал еден куршум во воздух, а откако М.Б. се дал во бегство, истиот испукал и неколку куршуми кон него, но не успеал да го погоди, по што со возилото го напуштил местото на настанот.

Увид на лице место извршила увидна екипа од секторот за внатрешни работи Куманово, при што се пронајдени шест испукани чаури, кои се подигнати и доставени за вештачење.

Секторот за внатрешни Куманово презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

04.07.2017 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега