ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови
ВМРО-ДПМНЕ смета дека на Македонија не и требаат експерименти со истополови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол.
- Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки, рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција пред Собранието на РМ.
Ваквите законски измени, додаде, ги немаа во своите програми ниту СДСМ, ниту ДУИ и граѓаните не гласаа за нив.
- Цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Македонија е традиционално општество каде се негуваат семејните вредности. Предлогот на пратеникот од владејачкото мнозинство сам по себе е спротивен на волјата и на ставот на огромното мнозинство граѓани за брак како заедница на еден маж и на една жена, рече Ласовска
Нагласи дека традиционалниот брак како заедница на еден маж и една жена во Македонија го поддржуваат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Роми и Бошњаци и христијани и муслимани и сите останати верски и етнички заедници. Потсети дека минатата недела група на активисти и сајтови блиски до парламентарното мнозинство пренесоа изјави за релативизирање на педофилијата, дефинирање на педофилите како маргинализирана група и признавање на исто половите бракови, заедно со посвојување на деца од хомосексуални двојки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа