Пожар во стан во Струмица- четиригодишно дете во болница

Опожарен е стан претпладнево во Струмица, на улицата Васил Сурчев, на вториот кат од станбената зграда. Во моментот на пожарот, навреме се евакуирани баба и внук, како и останатите станари заради превентивно дејствување од страна на противножарната единица од Струмица.

Четиригодишното дете е хоспитализирано заради вдишување на чадот од пожарот и преземени се превентивни здравствени мерки по неговото здравјето, а за среќа нема други повредени лица од пожарот, јавуваат од струмичата болница.

Пожарот, во станот избувнал во 11.50 часот, по што е повикана противпожарната единица од Струмица, која со шест пожарникари за петнаесетина минути, успеала да го угасне пожарот.

СВР Струмица ги утврдуваат причините за пожарот на терен, но според првичните сознанија се работи за неисправна електрична инсталација. Се утврдува и материјалната штета од пожарот.

 

 

 

 

04.07.2017 - 15:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега