Страшна сообраќајка во Македонија - едно лице се бори за живот

На магистралниот пат Штип-Делчево во близина на „Кучичинска крстосница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Форд Фиеста“ со делчевски регистерски таблици управувано од 33-годишниот А.Н. од Делчево и 65-годишниот велоиспедист М. Ј. од селото Чешиново.

Во незгодата која се случила во 15 часот, со тешки телесни повреди и тоа скршеници на черепот, скршеници на две ребра и скршеница на лева потколеница, се здобил велосипедистот и истиот бил пренесен во Медицинскиот Центар-Штип, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Ургентниот Центар-Скопје на Клиниката за неврохирургија.

За жал, се наоѓа во животна опасност.

За време на вршење на увидот сообраќајот за патничките моторни возила бил пренасочуван додека за товарните моторни возила сообраќајот бил во целосен прекин.

 

 

 

05.07.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега