Пукање во тетовско

Околу 06 часот и 20 минути во атарот на селото Горна Лешница-тетовско, 64-годишниот Н.Џ. затекнал две непознати лица кои краделе дрва од неговата шума.

Полицијата информира дека тој  со ловна пушка испукал еден патрон кон патничко моторно возило, со кое истите се превезувале. Лицата избегале, а возилото останало на самото место, бидејќи од истрелот бил оштетен преден пневматик.

Се преземаат мерки за  целосно расчистување на случајот.

 

 

 

05.07.2017 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега