Исчезна маж - македонската полиција трага по него
Во полицијата во Јегуновце вчера се јавил 54-годишниот З.А. од селото Шемшово-тетовско и пријавил исчезнато лице. Полицијата која деновиве трага по голем број исчезнати лица, сега трага и по 82-годишниот А.А. Пензионерот на 04 месецов од 08 часот излегол од домот и до моментот на пријавувањето не се вратил.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
06.07.2017 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа