Расправија во сообраќајот заврши крваво - драма во Куманово

Драма се одвивала вчера на улица во Куманово во 16 часот, кога на улицата „Трета Македонска Бригада“, поради меѓусебно недоразбирање во сообраќајот, 38-годишниот Ф.Л. од селото Лојане-кумановско, 49-годишниот ХХ. од селото Ваксинце-кумановско и уште едно лице, кои се превезувале во патничко моторно возило, физички го нападнале М.О.

Полицијата информира дека по нападот, на истиот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Куманово, каде му биле констатирани телесни повреди.

За настанот бил запознат Јавен обвинител, а по превземени мерки од страна на СВР-Куманово Ф.Л. и Х.Х. биле пронајдени и приведени во полициска станица и со истите бил извршен разговор.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.07.2017 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега