400 слободни хали им се достапни на потенцијалните инвеститори

 

Од средината на идниот месец на инвеститорите ќе им бидат достапни информациите за најмалку 400 неискористени хали и објекти во Македонија. Како шшто најави премиерот Никола Груевски, на средината од месец септември ќе биде отворена веб-страница со детални информации за објектите кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните вложувачи.

Груевски објасни дека станува збор за проект што Владата го подготвува неколку месеци, а целта е да им овозможи на вложувачите комплетни податоци за расположливите капацитети веднаш, на едно место, без да талкаат по шалтери и најразлични служби.

- Најголем број од инвеститорите градат нови капацитети зашто не знаат дека располагаме со објекти кои во моментов од различни причини не се во функција, а може да се искористат со мали интервенции, особено во однос на правната состојба која кај дел од нив е сложена, рече Груевски.

Интернет-страницата ќе биде во рамки на Агенцијата за привлекување инвестиции. 

20.08.2013 - 15:41

најчитано сега