Роденден во скопско Радишани се претвори во хорор

Во 02 часот по полноќ во ЕИК-Скопје, Т.Т. од населба Радишани-Скопје, пријавила дека околу  22 часот и 15 минути додека прославувале роденденска забава на нивното дете во дворот од семејната куќа во Радишани, во еден момент пристигнала поголема група на малолетни лица кои започнале недолично да се однесуват, а потоа почнале и да пцујат и да се закануват дека сите ќе ги убијат и ќе ја запалат куќата.

Во еден момент неколку од малолетните лица  се приближиле до нивното патничко моторно возило „Пежо 206“  и почнале да го удират со раце и нозе при што истото го оштетиле. Трите малолетни лица цело време додека го кршеле нивното возило се заканувале дека ќе ги убијат и ќе им ја запалат куќата. Од нивното агресивно однесување семејството заедно со присутни што биле на роденденската прослава се повлекло во внатрешноста на дворот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.07.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега