Голем пожар во Гостивар - им зеде се што имаат

Околу 16 часот во текот на вчерашниот ден, 43-годишниот Ч.Р. од селото Врбјане,  во Полициско одделение Ростуше пријавил дека од засега непознати причини настанал пожар во станбена куќа во селото, која му припаѓа на А.Б.

Полицијата информира дека куќата целосно изгорела, а потоа пожарот се проширил на нејзината плевна која е целосно изгорена, а опожарени биле и делови од кровните конструкции на куќите на А.Б. и А.А.  и целосно е опожарена плевната на Л.М.

Во големиот пожар кој беснее за среќа повредени лица нема.

Оганот е локализиран од страна на Противпожарната единица Гостивар во 17 часот и 45 минути.

 

 

 

08.07.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега