Го барале со меѓународна потерница - македонската полиција го фати на дело

Инспектори од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје Тетово вчера во 11 часот и 40 минути на улицата „Преспанска“ во Тетово го привеле 47-годишниот М.Е. од Тетово, по кој има распишана централна и меѓународна потерница за издржување казна затвор во траење од една година.

Над М.Е. е извршен преглед и во задниот џеб била пронајдена една проѕирна најлонска кеса во која во внатрешноста имало 28 најлонски пакувања со непозната бела прашкаста материја.

Постои сомнение дека се работи кокаин. М.Е. е приведен во просторите на СВР Тетово за понатамошна постапка.

 

 

 

08.07.2017 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега