Голем пожар кај црквата „Св.Четириесет маченици“

Околу 11 часот и 15 минути во текот на вчерашниот ден на местото „Кркардаш“ над црквата „Св.Четириесет маченици“ во близина на населба Баир-Битола, од засега непознати причини настанал пожар.

Изгорела сува трева и нискостеблеста шума во делот од црквата, до Стрежевска населба. Пожарот е локализиран од страна на екипа од Противпожарна единица Битола.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.

 

 

 

09.07.2017 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега