Ахмети за „Катимерини": НАТО и решение на спорот за името приоритет за Македонија

 

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за грчкиот весни Катимерини, изјавува дека приоритет на Македонија се влезот во ЕУ и НАТО и решение на спорот за името.

- „Решавањето на спорот за името е еден од најголемите приоритети. Ние сме соседи и нашата заедничка иднина е Европската Унија. Грција мора да го носи факелот кој ќе не води кон ЕУ.  Мора да ги имаме предвид и геополитичките прашања и да работиме напорно на пристапувањето на Западен Балкан, бидејќи придобивки ќе имаат сите“, изјавил Ахмети за Катимерини.

Ахмети нагласува дека Скопје нема територијални претензии кон Грција.

 

 

 

 

 

 

09.07.2017 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега