Малолетничка подметна пожар во Затворот Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 18 часот и 30 минути во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“, 17 годишно лице од Гостивар, по претходна вербална расправија со вработените во затворот, бидејќи не и било дозволено да влезе во кругот на затворот на посета, со запалива течност ја испрскало внатрешноста од оградата на затворот и предизвикало пожар.

Од пожарот оштетен е еден прозор од пријавницата на затворот.

Малолетничката е приведена во Полициска станица Чаир и по извршениот разговор е ослободена.

 

 

 

10.07.2017 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега