За седум месеци 12 загинати на патиштата во источна Македонија

 

Во првите шест месеци од годинава во источна Македонија загинаа вкупно шест лица, а во јули само во едно деноноќие во три сообраќајни несреќи животите ги загубија шест лица од Кочани, Виница и Делчево, информира портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

- Најчести причини за сообраќајните незгоди се брзото возење, неправилното пристигнување, заморот, алкохолот, недржење на растојание, страна и правец на движење, не носењето на сигурносен појас и кацига, изјави Панајотова.

Таа истакна дека причина број еден за сообраќајните несреќи со фатални последици е брозото возење и непрописното пристигнување. Панајотова апелира до возачите да бидат трпеливи и винамателни на патиштата, а во никој случај да не седнуваат зад воланот под дејство на алкохол или психотропни супстанци. 

 

 

 

10.07.2017 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега