Утврден предлогот Иванова да биде именувана за нов генерален секретар на Собранието
Предлогот Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ да биде именувана за генерален секретар на Собранието денеска беше изгласан на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На оваа одлука и претходеше одлука за разрешување на досегашниот генерален секретар Жарко Денковски.
Седницата на собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата беше прекината на третата точка на дневниот ред. Членовите на Комисијата требаше да се изјаснат за предлозите за заменици на претседателот на Собранието на РМ. Продолжението на Комисијата ќе биде дополнително закажано.
Претходно пратениците не го изгласаа предлогот на пратеникот Димитар Стевананџија, кој бараше Комисијата да изгласа заклучок Собранието да објави одлука за избор на генерален секретар и за заменици на генералниот секретар преку конкурс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа