Липиткова за Алфа: Новата власт обвинуваше дека средствата за животна средина се мали, а сега ги намалуваат за 30-40 проценти

 

Локалната самоуправа мора итно да најде решение како да го трансферира отпадот од дивата депонија во Тетово, кажа Соња Липиткова во интервју за Алфа телевизија. Таа во интервјуто говореше и за депонијата во Струга.

Стружани и локалната самоуправа мора да изнајдат начини и форми како трајно да го решат тоа. Како Министерство за животна средина подготвени се сите документи и од нив зависи како на ниво на совети на самата локална самоуправа, ќе се организираат регионално, за да отпочнат со тој процес. Има повеќе механизми, изјави Лепиткова.

Во ребалансот на буџетот има кратење на 2.3 милиони евра за екологија, поранешната заменик министерка за животна средина, кажа дека тоа е многу лоша порака што се испраќа.

-Јас искрено очекувам дека овие т.н. жешки точки ќе бидат во преден план во самиот ребаланс на буџетот и нема само што средства од животна средина нема да се укинуваат, туку и дополнително ќе се дадат, за да може овие проблеми како такви да се решат. Континуирано опозицијата пред тоа напаѓаше дека средствата за животна средина се многу мали и треба да се зголемат. Намалувањето кое го предвидуваат е за некаде 30-40 проценти. Тоа значи дека не само што нема да има нови проекти, туку ќе има згаснување и на постоечките, изјави Липиткова.

Таа кажа дека во Италија и на други места во светот отпадот се користи во економски цели, дека цели градови се загреваат од топлани кој работат токму на отпадот. Кај нас според неа решението е 6 локални депонии, секакви други решенија би биле замачкување на очи според нејзините зборови.

 

 

 

12.07.2017 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега