ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ преку СЈО води монтирана хајка против наши функционери
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДСМ преку СЈО има за цел да води монтирана и политички инспирирана хајка против функционери од ВМРО-ДПМНЕ за да може, како што истакнуваат, да ја спроведува својата антидржавна и деструктивна агенда.
- Позадината е јасна, слабеење на ВМРО-ДПМНЕ со цел слабеење на државата. Затоа се водат тенденциозни случаи кои не се базирани на правни аргументи, туку на политички конструкции. Случајот со обвинението за наводни шамари е типичен пример за таква политичка конструкција коja е нарачанa од партиските кујни на СДС. Ниту се удрени шамари, ниту е физички нападнат градоначалникот Жерновски, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, целиот случај се заоснова врз протести на здружение кое, како што рече, беше против стопирање на изградба на црквата во Центар, а целокупната штета се два скршени прозори како резултат на револтот на граѓаните.
- Како и за сите други обвиненија нема правна основа, туку се штанцаа со цел функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да се тормозат и влечат по судови додека СДС го спроведува сценариото за разнебитување на државата, рече Костовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа