Мајка и син дозволиле кучиња да нападнат жена во село Герман а потоа со стапови ја претепале

Полицијата во Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.С.(48) од с.Герман и известување против нејзиниот 17 годишен син за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 27.06.2017 година, околу 20,00 часот, на местото викано „Леви Рид“, атар на село Герман, пријавените без надзор чувале и со себе воделе четири агресивни кучиња, без заштитна кошница, кои ја нападнале и изгризале С.С.(52) по телото. Потоа, и мајката и синот физичка ја нападнале и со стапови ја удирале оштетената, нанесувајќи и телесни повреди

 

 

 

13.07.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега