ТРАГЕДИЈА :Наместо забава во дискотека, почина 25-годишно момче во Прилеп

Рано утрово околу 04 часот 15 минути во ноќен клуб во Прилеп,  му се слошило на 25- годишен Е.М, државјанин на Сојузна Република Германија кој престојувал во село Дебреште.

Истиот со  возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница во Прилеп, каде била констатирана смрт.

Увид на лице место извршила екипа од полициска станица воПрилеп.

По наредба на ЈО на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

 

 

 

15.07.2017 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега