Брутална тепачка во охридска болница - вработен тешко повреден

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот Б.З. од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 30-ти мај оваа година во 14 часот и 45 минути во Специјална  болница ,,Свети Еразмо” во Охрид. Тој, на висок тон упатил вербални навреди кон С.А. вработен портир во болницата, кој во моментот бил на своето работно место и ги извршувал работните задачи. Во еден момент од вербалните напади, сега пријавениот Б.З.  физички го нападнал портирот, со двете раце го фатил за вратот и силно го притискал, а потоа му задал повеќе удари со тупаници во пределот на градниот кош нанесувајки му повеќе телесни повреди.

По извршениот физички напад, Б.З. веднаш заминал од местото на настанот.

 

 

 

15.07.2017 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега