Димовски: УЈП е влезена во присилна наплата, во нагазување во Прилеп, во Охрид, во Битола
Дали забележувате колку од ветувањата на министерот и на сите кој што беа дел од економскиот тим на Социјалдемократскиот сојуз додека беа во опозиција колку не држат вода повеќе, колку сето тоа е заборавено вели Илија Димовски
– “Се сеќавате на едно 30-40 прес конференции што ги држеа тие дека казнувањето во Република Македонија е агресивно дека нема повеќе да има казнувања дека фирмите ќе бидат ослободени, дека дуќанџиите ќе бидат ослободени, а од овие неколку денови гледаме дека УЈП е влезена во присилна наплата, во нагазување во Прилеп, во Охрид, во Битола во други градови, значи турирано до даска. И тоа во еден од тие градови затоа што се одржува манифестација најголема за тој град“.
Димовски вели дека едно зборуваат пред избори додека друго прават сега. Единствено веројатно ветување според Димовски кое ќе го исполнат е зголемување на даноците во Македонија за да можат да си ги истераат овие работи кои се за нив.
-“Велеа дека ќе ја укинат радодифузната такса, гласаа против, УЈП најави дека ќе организира присилна наплата на радиодифузна такса. Како да ви кажам, неверојатно колку се нема обзир спрема ветувањата кои се дале. Ветуваа 140 милиона евра на годишно ниво за поддршка на мали и средни претпријатија, со ребалансот на буџетот даваат само 1,4 милиони. 100 пати помалку од ветеното. Еве да речеме дека тоа ќе се однесува на 5 месеци требаше да одвојат барем 60-70 милиони евра. Тие одвојуваат 1,4 милиони. Го критуваа предходниот министер за здравство за неговите ноќни инспекции во болниците, гледаме дека истото тоа почнаа да го применуваат. Се потсмеваа со претседателот на република Македонија со неговата комуникација со претседателот на република Труција, еве ги гледам висока владина делегација ќе оди на поклонение кај Ергодан“ .
Тој се осврна и на бројот на министри и на фукционери. Потенцираше дека иако се зборуваше дека ќе се намали бројот на функционери и на министри, на денешната седница били предложено да се избере 5 претседатели и 5 заменици секретари. Тој потенцираше дека ова не било никогаш и никаде видено во Република Македонија. Според него тоа значи дополнително нови 5 шофери, 5 секретарки, 5 асистенти, 5 репрезентации, додека досега максималниот број бил 3, што значи дека СДСМ апсолутно оди спротивно на сите нивни ветувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа