Пронајдено мртво машко тело во кичевско

 

Вчера околу 13 часот и 10 минути во Полициско одделение -Осломеј, 43- годишниот А.О  од село Падалиште-Кичево пријавил дека во месноста викана „Бериковски камен“ атар на село Бериково-Кичево, пронашол човечко тело во распаѓање.

Увид на лице место извршиле Основното Јавно Обвинителство и екипа од Полициската станица Кичево, по што по  наредба на Јавен обвинител телото е пренесено во Општата болница-Кичево, каде е извршена идентификација и било констатирано дека се работи за 59- годишен  Р. Р од село Долно Строгомиште, кој на 05.03. годинава бил пријавен за исчезнат.

Телото е оставен во  Јавната здравствена установа -Општа болница-Кичево за обдукција.

 

 

 

16.07.2017 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега