Вклучени се и авиони: Голем пожар во Ѓорче Петров

Пожарот кој избувна денеска во атарот на селото Чашка, општина Ѓорче Петров, се уште е активен. Гори борова и друга шума. 

Како што соопшти општина Ѓорче Петров, првите дојави за пожарот до надлежните органи стигнале околу 12 часот. Во гаснење на пожарот се вклучени екипи на противпожарната едница Скопје, ПС Ѓорче Петров, вработени од ЈП „Македонски шуми“ и вработени од комуналните единици од општината. Во моментов во гаснење на пожарот се вклучени и авионите канадери.

- Сите присутни екипи што се излезени на терен се обидуваат да го локализираат пожарот, но поради променливиот ветер огнената стихија се појавува и на други места, соопшти општина Ѓорче Петров.

 

 

 

19.07.2017 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега