Жена загина во сообраќајка во Македонија - полицијата со детали за трагедијата
Трагедија вчера ја потресе Македонија кога во 09 часот и 20 минути на магистралниот пат А1 селоУдово-Гевгелија, поточно во близина на селото Марвинци, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил “Тојота Авенсис“ со српска национална ознака управувано од 35-годишниот В.С. од Србија и автомобил “Пежо 308“ исто така со српска национална ознака, управувано од 58-годишниот С.П. од Србија.
Од здобиените повреди при незгодата на местото на настанот починала сопатничката во “Пежо 308“, 52-годишната Д.П.од Србија. Смртта била констатирана од екипа на итна медицинска помош.
Увид на местотот на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица-Валандово.
За време на вршење на увидот, од 09 часот и 45 минути до 13 часот и 45 минути, сообраќајот бил пренасочуван по локален пат. По наредба на јавен обвинител, возачот В.С. е задржан во Полициска станица-Валандово, заради обезбедување на негово присуство на постапка која се води за учество во сообраќајна незгода со смртни последици.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа