Се запали автобус на Рекорд - има ли повредени лица?

Во 14 часот во Скопје на улицата „Димитрије Чуповски“ бб, кај постојката на “Рекорд“, се запалил автобус кој сообраќал на линија со број 23.

Полицијата денеска информира дека автобусот бил управуван од страна на 51-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје.

Пожарот настанал во пределот на моторот. Повредени патници нема.

Од страна на екипа од Бригада за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат.

Извршен е увид на местото на настанот. 

 

 

 

23.07.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега