Драма синоќа во Скопје: Му скршиле ребра додека си седел пред зграда

Ноќеска околу 1 часот по полноќ 58-годишниот С.Р. бил претепан од шест непознати машки лица додека седел на клупа пред зграда на улицата „Боро Менков“ во Скопје и ја чекал својата девојка. Во нападот тој се здобил со тешки телесни повреди и скршеница на едно ребро. Причината за нападот била што лицата не му дозволувале да седи на клупата.

- Во 01:30 часот во Скопје на улицата „Боро Менков“, додека С.Р. од Скопје, ја чекал неговата девојка, бил физички нападнат од страна на шест засега непознати машки лица, на возраст од 30-45 години, удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, по што се упатиле во непознат правец. Причина за нападот била што истите не му дозволувале да седи на клупата која била пред самата зграда. Во нападот, С.Р. се здобил со тешки телесни повреди и фрактура на 8-мо ребро, соопшти денеска МВР.

Нему му била укажана лекарска помош во Ургентниот Центар -Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. 

 

 

 

23.07.2017 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега