Тешка сообраќајна несреќа во струшко - жена се бори за живот

Жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа во која учествувале три возила, а се случила вчера на крстосницата со магистралниот пат А2 и патот кон селото Мислешево.

Според полициските информации во несреќата учествувале „Цитроен“  со охридски регистерски ознаки управуван од 75- годишен К.Ч од Лескоец, „Пежо“ со охридски таблички управувано од М.Е. (56) од Ресен и „Јагуар“ со струшки таблички кој го возел 45 годишниот М.Ѓ. од струшко Лабуништа.

Со тешки повреди, скршеница на левата рака, се здобила сопатничката од Пежото, 48 годишната Н.Е. од Германија на која и е укажана лекарска помош во болницата „Свети Еразмо“.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 

 

 

24.07.2017 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега