Комисијата за 24 декември пред фијаско - предвремени избори пред Нова Година?

 

Комисијата за 24 демекември е пред фијаско, пишува Утрински весник повикувајќи се на свои извори во експертското тело. Според весникот, партиите не можат да ги усогласат ставовите бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со барањата на СДСМ да се констатираат прекршувања на Уставот. Весникот пишува дека ВМРО-ДПМНЕ инсистира на препораки, сценаријата од 24 декември да не се повторат во иднина и ги демантира шпекулациите во јавноста дека владејачката партија барала кривична одговорност за инцидентите во но и надвор од Собранието.
Ваквите информации на Утрински се во спротивност со она што во последните два дена го изјавува Претседателот на Комисиајта во оставка, Борче Давитковски. Тој пред новинарите во два наврати рече дека е оптимист и дека партиите се многу блиску до решение.
Доколку се потврдат информациите на Утрински и до петок не се усогласи извштајот на експертското тело, станува извесно дека Македонија ќе добие негативен Извештај до Европската Комисија во делот за демократските процеси во земјава, бидејќи токму Комисијата за 24 декември е една од обврските кои земјава ги превзема пред Европската Унија со мартовскиот договор.
Од друга страна, без решение за случувањата од крајот на минатата година, под знак прашалник е и учеството на опозицијата во работата на Собранието.
Таквиот развој на настаните ја отвора можноста, политичката криза да се надмине со предвремени парламентарни избори, а во таква сиуација најверојатно е дека тие ќе се организираат уште пред Нова Година

22.08.2013 - 00:25

најчитано сега