Мицевски:ВМРО-ДПМНЕ поради незаинтересираноста на Владата поднесе барање за итна седница и расправа за пожарите
Во летните периоди поради високите температури доаѓа до масовно палење на шумите во Република Македонија, а она поради што сме собрани денес е инертната реакција на Владата. Имено во поречието, во селото Требовље имаме веќе 14 дена активен пожар кој што се уште не е локализиран и не е ставен во контрола, вели на денешната панел дискусија пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
-Ние како пратеничка група гледајќи ја инертната слаба и незаинтересирана реакција на Владата на Република Македонија поднесовме барање за итна седница и расправа за она што се случува во Македонија. Граѓаните преку пратениците бараат помош и бараат реакции во регионите каде што беснеат овие пожари, вели Мицевски.
Тој истакна и дека граѓаните научени од минатото функционерите да бидат помеѓу луѓето и брзо делување по природните катастрофи, тие во моментов преку пратеничката група ја бараат својата помош од институциите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа