Доктор Нада е страстен играч на Манчестер Јунајтеди бара карта за суперкупот
Пензиониранта докторка, педијатарот Нада Скерлев има 84 години и е една од најголмите навивачки на Манчестер Јунајтед. Нејзината ќерка објави јавен апел на социјалните мрежи до сите кои би можеле да помогнат да се најде карта за доктор Нада да може да го гледа натпреварот.
„Нашата мајка др. Нада Скерлев, пензиониран лекар педијатар, која има 84 години е страствен навивач на Манчестер Јунајтед. Таа го сака спортот, особено фудбалот и тенисот, и е жива енциклопедија за настаните особено поврзани со Манчестер Јунајтед (за фудбалот) и Роџер Федерер (кога се работи за тенисот).
Сестра ми Андријана Скерлев-Чакар и јас јас се обидовме на секој можен начин да обезбедиме два билети за претстојниот натпревар во Скопје, но не успеавме ниту со лотаријата, ниту пак интересирајќи се кај спонзорите на мечот. Би ги купиле билетите, независно колку чинат, затоа што за мајка ми присуството за мечот ќе биде празник за душата . Сестра ми напиша мејл на ФФМ доколку има можност да обезбедат 3 или 2 билети (би ја носеле нејзиниот сопруг и таа на натпреварот, иако е супер витална за своите години, сепак да не оди сама), а доколу нема 3, тогаш бар 2 билети, па еден од нив ќе ја придружува“, објави нејзината ќерка Жанета Скерлев.
Др Нада Скерлев ги има посетено скоро сите поголеми стадиони во светот, а била и на многу натпревари во Анлија на Манчестер Јунајтед, а за нејзе пред 6 години имаше и текст во Нова Македонија: “Тетка Нада со Манчестер јунајтед подолго од Алекс Фергусон!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа