Димовски: Договорот со Бугарија е штетен

 

 

Фактот дека неодговорната Влада на СДС потпиша штетен договор со Република Бугарија од ден на ден е се поголем и поочигледен. СДС дејствува и склучува договори без да ги има во предвид македонските државни и национални интереси. Договорот со Бугарија е класичен пример за немање на одговорност кон сопствената држава, истакна Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не е против договор за добрососедство, но сметаме дека тој треба да се базира на темели на взаемно почитување, каде двете договорни страни нема да се осеќаат оштетени. Договорот со Бугарија е чиста спротивност на тоа и создава чувство кај македонските граѓани дека тие се оштетени и губитник од договорот. ВМРО-ДПМНЕ како конструктивен фактор предложи во договорот да бидат вметнати предлози кои ќе бидат прифатливи за граѓаните на Македонија и нема да создаваат чувство на губитник. Но СДС опиен од својата неодговорност не прифати ништо, не се ни обиде да постигне подобар договор, рече Димовски.

СДС, додаде тој, нема чувство за одговорност пред нацијата и државата. Според член 11, став 5 од договорот кој Заев го склучи со Борисов, Заев и Владата на СДС доброволно се откажуваат од Македонците во Бугарија и истите ги остава на милост и немилост на тамошните националисти како Божидар Димитров и Красимир Каракачанов.

-Ставот гласи: Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија. Со овој став Заев  засекогаш се откажаа од Македонците во Бугарија. Ова е уште една причина зошто договорот е штетен. Затоа уште еднаш ги повикуваме пратениците на СДС да не дадат поддршка на договорот.  Не е касно, но е минута до 12. Пратениците на СДС може да покажат дека имаат грижа за македонските интереси. Од нив зависи дали ќе бидат на светлата или на темната страна на историјата. ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува македонските граѓани дека постои начин да се казни СДС за ваквиот однос и непочит кон мнозинството граѓани во Република Македонија, а тоа се следните избори во Македонија на 15-ти октомври, каде што Заев ќе биде поразен и ќе биде делегитимиран, подвлече Димовски.

 

 

 

07.08.2017 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега