Ѓорѓиев: Образованието претрпе сериозен удар со новиот ребаланс на буџетот
Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија вели дека образованието претрпе сериозен удар со новиот ребаланс на буџетот, со кој се скратени 21 милиони евра.
Тој посочи дека во врска со предлог-законот предложен од ВМРО-ДПМНЕ за ваучери за компјутери, ваучери ќе добијат и студенти, лица со посебни потреби.
-Имаме еден конкретен план, реален и проверен, веќе имплементиран. Значи многу студенти досега виделе подобрување во својот живот и успеале да купат, дали таблет, дали компјутер, истакна Ѓорѓиев, додавајќи дека тоа е реален начин како да им се помогне на студентите.
Според него, овој закон наоѓа на пречка, а таа пречка е СДСМ.
-Во оваа ера на дигитализација, на глобализација нешто што најмногу му е потребно на секој млад човек, му треба компјутер, потенцира Ѓорѓиев.
Истакна дека мора да се инвестира во дигитализација, посочувајќи дека оваа мерка која ја предложува ВМРО-ДПМНЕ е многу добар начин да се инвестира паметно и онаму каде што треба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа