Атанасов: Вардар филм умре во време на Тозија, па поради ова Заев и Алаѓозовски го одбраа сега истото да и го направи и на Агенцијата за филм

 

Продолжува хаосот во културата. Неспособноста на Роберт Алаѓозовски е се повидлива со секој минат ден. Вработувањето партиски војници со сомнителна репутација стана заштитен знак на Алаѓозовски, изјави Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Атанасов обвини дека Алаѓазовски менувал директори противзаконски, на шерифски начин, затоа што тој проценил НЕ ДЕКА работеле лошо туку дека биле блиски до Никола Груевски. Ги сатанизираше луѓето кои немаат членска книшка на СДС со фашизоиден говор и се пресмета со нив на најбрутален начин, за кој ќе сноси правна одговорност.

Советите и работните комисии ги наполни со заслужни граѓани кои за потребите на Заев и СДС глумеа активизам и невладин сектор, уништуваа споменици, демолираа, кршеа и палеа. Откако СДС направи влада и тие си го покажаа вистинското лице. Нивната битка не беше битка за правда и демократија, бидејќи тие ниту знаат што е демократија, ниту ги интересира правда. Како што ни Алаѓозовски не го интересира културата, туку партискиот реваншизам и лечење фрустрации преку деструкција. Битката на овие невладини платеници беше битка само за привилегии и позиции, изјави Атанасов.

Тој кажа дека лицето кое речиси сигурно ќе биде новиот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија е еден од овие квази-активисти на СДС кој гордо фрлаше балони со боја врз триумфалната порта. Покрај ова, во своето си-ви со кое се наметна како главен кадар на Заев и Алаѓозовски за да раководи со агенцијата за филм, Тозија го има и уништувањето на Вардар филм.

-Вардар филм умре во време на Тозија, па поради ова Заев и Алаѓозовски го одбраа сега истото да и го направи и на Агенцијата за филм. Проневерите со пари случени во време на Тозија се поен плус кога треба да те одберат за позиција луѓе како Зоран Заев кои се расположени за криминал, и како Роберт Алаѓозовски кој е нерасположен за професионално работење.

Атанасов порача дека за оваа неспособност и хаос во културата, Роберт Алаѓозовски и СДС наскоро ќе сносат политичка одговорност.

 

 

 

09.08.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега