Земал скапоцен автомобил на заем и не го вратил - еве колку се збогатил овој кумановец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 44-годишниот А.Љ. од Куманово, за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот на 26.06.2017 година противправно присвоил патничко моторно возило "Пежо RCZ", кое му било доверено од страна на А.С. под изговор да оди во Струга и за два дена да му го врати возилото. Возилото не било вратено на сопственикот по договореното време, со што пријавениот се стекнал со имотна корист од околу 1.230.000 денари.

 

 

 

09.08.2017 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега