Ласовска: Приоритет да бидат граѓаните на Република Македонија, акцискиот план за странци и бегалци да оди на локални референдуми
Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската комисија за труд и социјална политика побара да се распишат референдуми на локално ниво, па граѓаните да се изјаснат за националната стратегија и акцискиот план за странци и бегалци.
Ласовска во реплика кон Фросина Ременски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција предупредува на нешто што може да се случи.
-Вие ги избегнувате дебатите, а ние како конструктивна опозиција сме тука да преупредиме на последиците, потенцира Ласовска. Таа вели дека приоритет мора да биде грижата за граѓаните на Република Македонија.
Според неа, Македонија треба да се грижи за приемот и транзитот на мигрантите и толку, додавајќи дека тоа не е така зошто не сакаме да помогнеме, туку поради тоа што немаме ресурси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа