Пожар над росоманско Дебриште

Пожар избувна попладнево над росоманското село Дебриште.

Како што информира командирот на Територијалната противпожарната единица од Кавадарци Илчо Богевски, горат нискостеблеста шума и сува трева на површина од околу три хектари.

- На терен сме со две противпожарни возила и шест пожарникари, се надеваме дека најбрзо што можеме, ќе го ставиме огнот под контрола, изјави Богевски.

 

 

 

09.08.2017 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега