Сообраќајка во Тетово - едно лице итно префрлено на Ургентен

Вчера во 9 часот и 30 минути на булевар „Видое Смилевски Бато“  во Тетово се случила сообраќајна незгода, во која 24-годишниот М.А.  од Тетово, управувајќи патничко возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, удрил во 66-годишниот Р.Р. од Тетово. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово бил пренесен и задржан на лекување во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Истиот ден во 12:00 часот на регионалниот пат село Желино-село Сиричино во Тетово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот А.Л. од село Копанце и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот Б.Б. од село Озормиште. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Л., возач на возилото  „Фиат Пунто“, која по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Тетово била пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар Скопје. Возачот на „БМВ“-то и 41-годишната сопатничка А.Б.од село Озормиште се здобиле со телесни повреди и биле задржани на лекување во Клиничка болница Тетово биле. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. 

 

 

 

10.08.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега