Тетовчанец љубоморен дека соседот гради куќа излегол во двор и пукал

Секторот за внатрешни работи во Тетово поднесе кривична пријава против 32-годишниот П.П. од село Сараќино поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвукување општа опасност“. Пријавениот, изреволтиран бидејќи неговиот сосед Е.Е. вршел изградба на куќа заедно со својот брат, излегол во дворот и со ловечка пушка, сопственост на неговиот татко, испукал  неколку пати во воздух. 

 

 

 

10.08.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега