Украдени седум лаптопи од фирма во Скопје

Вчера попладнето во Полицикста станица Центар, Н.Ч., управител на Друштво за информатичка технологија „Инплеер Хуб“ ДООЕЛ Скопје, пријавил дека истиот ден во периодот од 02:00 до 02:30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во деловните просториите на правното лице на ул. „Никола Кљусев“.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел седум преносни компјутери во вредност од околу  248.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

10.08.2017 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега