Излегла на пазар и не се вратила - полицијата трага по 3 лица

Вчера 8 часот и 30 минути во Полициската станица во Гази Баба, 37-годишниот Б.П. од село Црешево, скопско, пријавил дека на 04.08.2017 година во 12.00 часот од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син, 35-годишниот С.П. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Истиот ден, во 9 часот и 50 минути Тетово, 74годишниот С.Р. од Тетово пријавил дека на 03.08.2017 година околу 10:00 часот од дома излегла неговата сопруга, 50-годишната М.Р. и се упатила на пазарот во Тетово и не се вратила дома. Таа не била достапна и на мобилниот телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 09.08.2017 во 9 часот и 30 минути во Полициската станица во Чаир, 54-годишниот З.Р. од Скопје пријавил дека на 08.08.2017 година околу 11:00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка 28-годишната Р.А. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

 

 

 

10.08.2017 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега