За еден ден, осум сообраќајки во Скопје- има повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди од кои во шест со полесни повреди се здобиле шест лица, а две поминале само со материјална штета.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се 33 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи што поминале на црвено светло на семафорот и пет возачи што ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани.

Санкционирани се и 45 непрописно паркирани возила, како и 17 пешаци што поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила

 

 

 

11.08.2017 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега